ARISE е проект финансиран од Европска Комисија кој има за цел да ја поддржи обуката на професионалците во градежниот сектор за проектирање и изведба на енергетски ефикасни згради, со користење на информациско моделирање на градбите (BIM).
Со помагање на градежната индустрија да се движи кон енергетски ефикасна изградена средина, партнерите од конзорциумот ARISE предвидуваат стимулирачки пристап за зголемување на побарувачката за одржлива енергија и дигитални вештини во секторите архитектура, инженерство и градежништво (AEC). Петте главни столбови на ARISE се:
- Усогласување на вештините со усогласена рамка за учење на ЕУ.
- Пристап до онлајн материјали и алатки за обука 24/7.
- Pаспределба на дигиталниот пазар – преносливо признавање, со цел да се овозможи широко препознавање низ ЕУ и пошироко.
- “A-Credit-action” се заснова на метод на континуиран професионален развој и нов систем на награди „криптовалута за развој на вештини“.
- Помош при иницирање законски измени и мерки за поддршка на набавките, со цел дополнително да се стимулира побарувачката на пазарот.
Глобалната цел на ARISE е да направи револуционарни промени во процесот на учење преку менување и на начинот на учење и на начинот на препознавање на вештините за одржлива енергија во градежниот сектор. Новиот систем на обука и признавање на вештини ќе важи низ цела Европа, што ќе ја зголеми експанзијата на квалификувана работна сила на пазарот на градежниот сектор.
Мисијата на проектот е да ја поддржи двојната транзиција на градежниот сектор и на тој начин да придонесе за Европските планови за закрепнување и отпорност 2021-2027 година, обезбедувајќи ги професионалните работници во проектирање и изведбата, со дигитални и одржливи енергетски вештини на иднината, заедно со насоки за пазарно вреднување на вештините и искористување на истите..
Со обезбедување на јасни интеракции за учење, транспарентност на трансакциите на обуките и признавањето на постигнатите квалификации, ARISE ќе ја стимулира побарувачката за вештини за одржлива енергија.
Исто така, ќе го трансформира процесот на учење преку монетизирање на развојот на вештини и размена на учење со дигитален систем заснован на препознавање вештини наместо на акредитација. Системот за обука и трансакции развиен во проектот ќе го вреднува постигнувањето на компетентност (искуство) на одредено ниво со криптовалута за препознавање на вештини – CERTcoin – иновативна валута на вештини и учење на градежниот сектор што ги прифаќа денешните придобивки од дигиталната трансформација.