Платформата за гејмификација поттикнува дигитална испорака преку наградни пресвртници на достигнувања за корисникот. Моторот за гејмификација им овозможува на слушателите да заработуваат поени секогаш кога успешно ќе ја завршат секоја од претходно дефинираните под-цели и цели. Колку повеќе слушатели се вклучени, толку поважно ќе стане задржувањето на бодовите (покажано е дека бенчмаркинг напредокот (напредокот на оценувањето) е суштински двигател на гејмификацијата). Тие единствено ќе можат да го задржат резултатот само ако успеат. Системот, исто така, обезбедува и беџови, визуелни печати кои се отклучуваат кога корисникот ќе ги постигне одредените (избраните) цели.
Сите поени, беџови и нивоа постигнати од страна на слушателите потоа може да се испратат до блокчејн мрежата, што ќе овозможи создавање големо европско складиште за признавање и сертификација. ARISE ќе го револуционизира процесот на учење преку развивање размена на крипто-вештини, монетизирање на вештините и интерфејсот за учење со систем заснован на препознавање на вештини наместо на акредитација. Наградата за стекнување компетентност на одредено ниво ќе биде CERTcoin иновативната валута на вештини и учење на градежниот сектор што ги опфаќа денешните придобивки од дигиталната трансформација.